Изложби Тековни Следни Минати
EN

15. Биенале на млади уметници: „Утрото започна вчера“

18/11/2025 - 28/11/2025 & 28/11/2025 - 12/12/2025

15. БМУ е двогодишно, process-based биенале, курирано од уметницата и кураторка Нада Прља и кураторот и едукатор Себастијан Чичоцки. Биеналето ќе се отвори на 18 ноември 2025 година (во МСУ – Скопје) и на 28 ноември 2025 година (во Музејот на Македонија и ОУ Ј.Х. Песталоци), развивајќи се низ четири поглавја што ги одразуваат промените на годишните времиња.

 

Поглавје 1
Утрото започна вчера
Куратори: Нада Прља во соработка со Себастијан Чичоцки

Поглавје 1.1
Локација: Музеј на современата уметност – Скопје
Отворање: 18.11.2025 at 19:00 со перформанси на Сергеј Калеников, Јулија Кастелучи и Кристина Таневска
Траење на изложбата: 18.11.2025 – 28.11.2025

Учесници: Џемилиана Абдулова (Скопје), Бетул Аксу (Измир/Лондон), Ренеа Беголи (Приштина), Ангела Бошевска (Битола/Скопје), Ѓорѓи Десподов (Прилеп/Хаг), Наталија Гучева (Скопје/Гент), Драгана Заревска (Кратово/Прага), Јулија Кастелучи (Белград/Милано), Сергеј Калеников (Скопје), Габриела Кичор-Бентковска (Варшава), Ана Лазаревска (Скопје), Изабела Левенска Миљаниќ (Скопје), Милчо Манчевски и 1AM Group (Скопје) [потсетување на првото БМУ од 1987 година], Јана Николоска (Скопје), Марина Саковска (Познањ), Душан Стефановски (Скопје) и Кристина Таневска (Скопје).

Изложбата ги истражува начините и процесите преку кои емоциите и интимноста се создаваат, изразуваат и доживуваат во рамките на визуелната и социјалната естетика на современиот живот. Таа се фокусира на тоа како новите кодови кои циркулираат во младинската култура го обликуваат нашето поимање на поврзаноста и личното изразување денес. Оттаму, преку дела кои црпат инспирација од детството или адолесценцијата, вклучувајќи музика, гејминг, аниме и други форми на пост-дигитални визуелни јазици, уметниците го испитуваат начинот на кој современите млади генерации ги конструираат и дефинираат чувствата во секојдневието. Изложбата обединува различни гласови кои ги предизвикуваат стереотипите и воведуваат нова слика на реалноста, реалност која веќе започна, и тоа вчера.

Изложбата во МСУ – Скопје (поглавје 1.1) е структуирана првенствено од дела на уметнички, кои се осврнуваат на теми карактеристични за женските искуства: несигурната и подредена положба на жените во патријархалното општество, рефлектирано во делото на Марина Саковска, или отпорот кон Grind Culture* прикажан во инсталацијата на Заревска и Десподов, до искуството на созревање во заедниците занемарени од „другите“, реферирано во делото на Абдулова. И покрај очигледниот пристап кон покласичните уметнички техники, како што се сликарството и цртежот, делата се спротивставуваат на конвенционалните структури и вредности, прифаќајќи ја емоционалната нестабилност и неизвесноста како нераскинливи состојби на современоста.

Како што вели една од учесничките, Наталија Гучева, опишувајќи го своето перформативно дело: „Создадено за да ги предизвика традиционалните општествени норми, делото нуди алтернативи во градењето на светови втемелени во шпекулацијата, создавајќи нова основа за колективно размислување“ кое го остварува и самата изложба.

 

Поглавје 1.2
Локација: Музеј на Македонија
Отворање: 28.11.2025 во 19:00 часот, со перформанси на Крсто Глигорјадис и Сергеј Калеников и со колаборативен проект на Марија Трпеска и Стефан Анчевски
Траење на изложбата: 28.11.2025 – 12.12.2025

Учесници: Крешник Арифи (Приштина), Ѓорѓи Десподов (Прилеп/Хаг), Естебан Девињо (Сен-Етјен/Париз), Мила Гавриловска (Скопје), Крсто Глигорјадис (Скопје), Ана Ликар (Љубљана/Франкфурт на Мајна), Милчо Манчевски и 1AM Group (Скопје) [посетување на првото БМУ од 1987], Марија Трпеска (Скопје) и Стефан Анчевски (Куманово), Марго Саркисова (Покровск/Грац) и Марина Саковска (Познањ).

Поглавјето 1.2 од 15. БМУ, организирано од Музејот на современата уметност – Скопје, е поставено во Историскиот оддел на Музејот на Македонија. Темелот на овој дел на биеналето произлегува од односот со времето, со минатото и со историјата. Во секое избрано уметничко дело, историското место станува субјект – кој бара повторно да се посети, да се погледне одново или да се преслуша, додека истовремено го отвора за дијалог со сегашноста или иднината. Преку ова „реанимирање“ на историски локалитети, објекти и наративи, изложбата го позиционира Музејот не како архивски простор на фиксирани значења, туку како простор каде времето се поместува, преклопува и проширува.

Делата на уметниците во изложбата произлегуваат од свесноста за притисоците и пукнатините што го обликуваат современиот живот: економска неизвесност, ослабени социјални односи, историска амнезија и ерозија на културното и материјалното наследство. Уметниците одново ги доведуваат во прашање воспоставените значења и вредносни системи, сфаќајќи го историското наследство како терен што еволуира. Во исто време, тие признаваат дека во отсуство на временска машина, историјата не може да се коригира или избрише, но сепак бараат симболични ресурси кои ни овозможуваат да продолжиме, бидејќи утре веќе започна вчера.

 

Поглавје 1.3
Локација: ОУ Ј.Х. Песталоци
Изложбата е наменета исклучиво за учениците и не е отворена за јавноста.
Траење: 28.11.2025 – 12.12.2025

Учесници: Ренеа Беголи (Приштина), Елена Димоска Николоска (Прилеп), Никола Ефремов (Скопје), Саре Ќерими (Скопје) и Марго Саркісова (Покровськ/Грац).

 

Поглавје 1.4
Долгорочни проекти на различни платформи и во јавни простори
Траење: 28.11.2025 – 28.11.2026

Учесници: Колектив „Бостание“ (јавна градина), Мила Гавриловска (фото архива), Изабела Левенска Миљаниќ (јавна и онлајн архива) сите од Скопје и ДНЛМ (јавна уметност) од Љубљана.

 

Поглавје 2
Лекции по не-воспитување
Водено од Себастијан Чичоцки во соработка со Нада Прља.
Aприл 2026 година.

. . .

Визуелeн идентитет: Естебан Девињауд
Фотографии: Мила Гавриловска
Учесници на 15-то Биенале на млади уметници

Проектот го реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам. Пријатели на МСУ – Скопје: Австриска амбасада – Скопје и Тиквеш, Кавадарци.

 

Наталија Гучева, Домот е таму каде што ти е срцето (Home is Where the Heart Is), 2024/2025, видео, 10:42

Душан Стефановски, Црно-бела фотографија, 2024, димензии варијабилни

Марина Саковска, Синџир со катанец, 2022/25, плетенки од текстил, акрилици, објекти од катанец: смола, лак за нокти, автомобилски лак, молив на хартија; променливи димензии

Мила Гавриловска, Документирање на модернизмот во Скопје, 2022 и во тек, серија фотографии

Крсто Глигоријадис, Тутуноберачите, 2020, перформанси и видео перформанси

Ана Ликар, Таа предизвика бури, 2024, видео

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети:  Насекаде дома

13/10/2025 - 10/11/2025

Ибрахим Махама во Скопје

15/10/2025 - 14/11/2025

Џем А.: Музеј отворен до понатамошно известување

18/09/2025 - 27/10/2025

Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта

10/09/2025 - 26/10/2025