Новости Моменти од отворањето на изложбата на Ричард Дикон, “Во потрага по нешто”
EN

Моменти од отворањето на изложбата на Ричард Дикон, “Во потрага по нешто”

По ретроспективната изложба на Тони Крег во 1997 година, Музејот на современата уметност со изложбата на Ричард Дикон го претставува делото на еден од најзначајните претставници на една блескава генерација скулптори (Алисон Вајлдинг, Бил Вудроу, Ентони Гормли, Ширазех Хушијари, Аниш Капур), кои во 1980-те години го понесоа епитетот „Нова британска скулптура“ и кои со своите специфики ја одбележа уметноста на пост-модернизмот на крајот од ХХ век.

Ричард Дикон е добитник на Turner Prize за 1987 година, наградата на Галеријата Тејт, една од најпрестижните британски и светски награди и во 2007 година го претставува Велс на Венециското биенале. 

Во присуство на Ричард Дикон, изложбата ја отворија Тихомир Топузовски, директорот на Музејот на современата уметност и Марија Станчевска-Ѓоргова, државна секретарка во Министерството за култура и туризам. На отворањето присуствуваа и Британскиот амбасадор во Северна Македонија, господинот Метју Лоусон и претставници на Британскиот совет.