Изложби Тековни Следни Минати
EN

Весна Стефановска: Во длабоко танцувајте

 

Изложбата „Во длабоко и танцувајте“ на уметницата Весна Стефановска содржи дела на авторката од 1998 година до денес, меѓу кои инсталации во простор, видео инсталации, перформанси и „ready-made“ содржини групирани, артикулирани во циклусите „Отсуство“, „Возови рефлексии“, „Дојдете да видите како пoминува времето“, „Ничија“ и „Часовник“. Воедно, на изложбата премиерно се реализираше и перформансот/ инсталацијата „В кревет“, нејзино истражување на нашиот однос кон потсвеста и интимноста.

Весна Стефановска е родена во Скопје (1973), но денес живее и работи во Париз. По завршување на студиите на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, заминува во Прага, каде завршува постдипломски студии на Академијата за уметност, архитектура и дизајн. Имала самостојни изложби во Северна Македонија и Франција и била учесник на голем број групни изложби.

Изложбата е реализирана во соработка со Музејот на современата уметност-Скопје и поддржана од Град Скопје, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Францускиот Институт во Скопје.