Новости Велимир Жерновски ја претставува Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција
EN

Велимир Жерновски ја претставува Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција

Со проектот „ПИЕТА ВО ПРЕКРИВКИТЕ НА УРГЕНТНОСТА“ на Велимир Жерновски, на 8 мај во 18:30 часот, ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија, во рамките на 61. Венециско биенале. Претставувањето е во организација на Музејот на современата уметност Скопје, а куратори на павилјонот се Тихомир Топузовски и Аманда Буткез, додека комесар на проектот е Авни Ќаили. Локацијата на павилјонот е Spacious Castello 77, Arsenale – exit / Ponte delle Vergini, Венеција.