EN

Драган Попоски – Дада

1933, Прилеп – 2021, Скопје

 

Раѓање на формата, 1977

Прилепски мермер „Сивец“, 18 х 18 х 18 см

Аквизиција: Откуп

Инвентарен бр.: 03188

*Недостапни на интернет: 04779, 03701, 04324, 04347, 04349, 04633

 

Биографија

Драган Попоски – Дада (23 октомври 1933, Прилеп – 27 септември 2021, Скопје) — истакнат македонски вајар. Попоски (…) завршил академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) во Белград, во класата на проф. Јован Кратохвил. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада бил долг, со повеќе развојни творечки етапи. Неговите облици имаат конкретни инспиративни извори во природата и нештата што го опкружуваат, предадени се во вид на лесна стилизација, преку помалку или повеќе асоцијативни форми кои ги селектираат деталите до степен на минимализирање на нивната асоцијацијативност.

Краткиот увод во биографијата е од Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Во целина биографијата е достапна на: wikipedia.org/wiki/Драган-Попоски-Дада

Претходни изданија