1904, Лајпциг, Германија – 1989, Антиб, Франција
Т – 1962 – P III, 1962
Масло на платно, 58 x 250 см
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 00583
Ханс Хартунг и неговата сопруга, Ана Ева Бергман, се меѓу најголемите донатори на Музејот. Заедно подарија 26 дела.
Делата на Хартунг се добиени при личната посета на неговото ателје на тогашниот директор на Музејот, Борис Петковски, а на препорака на сликарот Зоран Мушич. При изборот на сликата „Т-1962-РТ“ што требаше да биде подарена на Музејот, мислењата на Хартунг и Петковски се совпаднаа. МСУ оваа слика на Хартунг ја изложи во редица изложби, а неговите графики се двапати самостојно прикажани во Музејот: еднаш заедно со графичката серија на Ана Ева Бергман во 1966, и самостојно во 1993 година.
Биографија
Ханс Хартунг е германско-француски сликар, познат по својот гестуален апстрактен стил. Тој исто така беше одликуван ветеран од Втората светска војна со орден на Легијата на честа.
Краткиот увод во биографијата е превземен од англиската Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License.
Биографијата во целина на wikipedia.org/wiki/Hans_Hartung