EN

Жан-Жак Дејрол

1911, Ножен-сир-Марн, Франција – 1967, Тулон,Франција

 

Графика бр. 1, 1956

Литографија на хартија, 59,5 x 43cm

Едиција: 3/30; сигнирана д.л. 3/30; д.д. J. Deyrolle

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 00528

 

Биографија

Дејрол е еден од карактеристичните претставници на европската геометриска апстрактна уметност по Втората Светска војна. Најпознат по графичкото творештво и ексклузивните илустрации за изданијата на реномирани писатели (пр. Sejour од Самјуел Бекет). Дејрол долги години е професор на Ликовната академија во Минхен, а во 1950/60-те учествува на повеќе значајни изложби, како на пр. на Документа 2 во Касел и др.

 

Претходни изданија