1918, Катанцаро, Италија – 2006, Милано, Италија
Големите љубовници, 1972
Литографија на хартија, 48,5 х 66 см
Сигнатура: д.д. Rotella /72; на задната страна: The great lovers Rotella
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 02850
Биографија:
Доменико „Мимо“ Ротела е италијански уметник, кој се смета за важна фигура во повоената европска уметност. Најпознат по неговите дела од деколаж и психогеографија, направени од искинати рекламни постери. Ротела се поврзува со Ултра-летристите, гранка од движењето Летризам, а подоцна беше член на Новиот реализам (Nouveau Réalisme), основан во 1960 од францускиот критичар Пјер Рестани.
Превземено од англиската Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License.
Биографијата во целина на: wikipedia.org/wiki/Mimmo_Rotella