1930, Косово Поле, Југославија – 1998, Скопје
Во чест на столиците, 1965
Комбинирана техника на штица, 122 х 71 х 2 см
Аквизиција: Откуп
Инвентарен бр.: 01113
Биографија
Томо Шијаковиќ-Шијак (15 март 1930 во Косово Поле – 29 декември 1998 во Скопје), македонски сликар, меѓу првите македонски уметници што го проблематизирале сликарството како дисциплина.
Животопис: Шијак е роден во Косово Поле, тогашна Србија на 14 март 1930 година. Уште од најрана младост кај него се јавил огромен интерес за ликовно претставување на сопствените опсервации. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, студирал ликовна уметност на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, а потоа бил на студиски престој во Париз.
Самостојно излагал во Скопје, Белград и Ниш. Учествувал на Биеналето во Сао Паоло (1969) и на Биеналето во Венеција (1978). Имал повеќе изложби, исто и посмртно, чии дела ги наследил неговиот син Ѓорѓи Шијаковиќ, виш конзерватор. Негова ќерка е глумицата Арна Шијак.
Се занимавал со карикатура, илустрација, сценографија, плакат и фотографија. Во неговото творештво се разликуваат неколку фази: посткубизам, апстракција, варијанти на поп-артот и концептуални постапки, кои кон крајот на шеесеттите години резултирале во првите објекти во македонската современа уметност: мусандри и неомусандри. Во нив ги обединил сликарските, вајарските и дизајнерските аспекти. Овој модел на ликовно обликување просторно го применил во ентериерот на зградата на Градскиот комитет во Скопје (1970) и во хотелот Дрим во Струга (1977).
Починал во Скопје на 29 декември 1998 година.
Краткиот увод во биографијата е превземен од Википедија според: Attribution-ShareAlike Creative Commons License
Во целина биографијата е достапна на: https://mk.wikipedia.org/wiki/Томо_Шијак