Настани ФИЛМ: Како да се уништат временските машини
EN

ФИЛМ: Како да се уништат временските машини

22. 09. 2021

Ова е филм што се слуша. Во фокусот е Џеф Џерман, експериментален музичар од Аризона, кој има неверојатна страст за звукот и несекојдневно гледање на светот. Џеф „бега“ од временските машини во кои повеќето луѓе живеат, заглавени во грижите за иднината или во спомените од минатото. Ограничени од ваквиот светоглед, ретко уживаме во сегашниот момент. Ова е приказна за тоа што значи да се биде тука и никаде на друго место. Ова е филм за еден фантастичен композитор и своевидна алегорија за животот.

Режисер: Jacek Piotr Bławut
Сценарио: Jacek Piotr Bławut
Снимател: Adam Palenta
Монтажа: Aleksandra Gowin, Katarzyna Spioch
Тон: Radoslaw Ochnio
Музика: Jeph Jerman
Продукција: Studio Filmowe Rabarbar
Копродукција: NInA, Chimney Pot

 

 

Фестивали и награди:
Docudays UA International Human Rights Film Festival, Ukarine (2018) / DOK Leipzig, Germany (2017) / Krakow Film Festival, Poland (2017)

Филмографија:
– „Самотијата на звукот“/Samotność Dźwięku/ The Loneliness of Sound (2012)
– „Езерото“/ Jezioro/ The Lake (2011)

Важна забелешка! Проекцијата на филмот ќе биде на отворен простор, но под покривот на музејскиот трем.

МИНАТИ НАСТАНИ

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00