Настани Пејзаж на вознемиреност | 11 критични жешки точки
EN

Пејзаж на вознемиреност | 11 критични жешки точки

04/10/ 2023 | 19.00

 

Промоција на публикација, изложба на фотографии и презентација на проф. д-р Трајче Стафилов и Тихомир Топузовски

04 10. 2023 во 19 часот

 

Настанот „Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Република Северна Македонија“ е  ( на неколкумесечното истражување и изложба со истоимениот наслов (https://msu.mk/exhibition) и се однесува на Република Северна Македонија како една од земјите на Западен Балкан кои претставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред сѐ, поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии, како и енергетската сиромаштија на населението. И низа други фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата, загрозувајќи го севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикувајќи негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Публикацијата е дел од проектот ПЕЈЗАЖ НА ВОЗНЕМИРЕНОСТ- КУЛТУРА И УМЕТНОСТ ЗА ИДНОТО КОЕГЗИСТИРАЊЕ СО ЕКОЛОШКИТЕ КРИЗИ И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ’ и започнува со објаснување и визуализирање на таканаречените жешки точки на Македонија, односно антропогеоморфолошки пејзажи каде нивната ургентност за решавање произлегува од критериумите како количеството на отпад, токсичноста, близината до населените места и концентрацијата на опасни хемикалии. Во продолжение, се прикажани работилниците кои беа дел од проектот, реализирани во Велес, Битола и Преспа, со цел подигнување на свеста и мобилизација на граѓаните околу прашањата на локалните девастирани животни средини; и третиот дел се однесува на изложбата во Музејот на современата уметност во Скопје во март 2023 година која е создадена од сите учесници вклучени во проектот, каде се истражуваа и практикуваа нови модели на соработка, стратегии и иницијативи кои подразбираат заедничко дејствување.

Изложбата ја градат фотографии од единаесет жешки точки лоцирани од професорот Трајче Стафилов и кои се однесуваат на конкретни локации на активни и затворени индустриски објекти кои генерираат отпад и ја загадуваат животната средина со тешки метали. Единаесетте жешки точки се рангирани по опасност на овие жешки точки, а критериумите се количеството на отпадот што го создаваат, токсичноста, колку локацијата е блиску до населено место, концентрацијата на опасните хемикалии во отпадот, во каква форма се и други фактори.

Во рамки на настанот свои обраќања ќе имаат и проф. д-р Трајче Стафилов и Тихомир Топузовски.

Фотографиите се во авторство на Денис Сарагиновски а целоиот настан е продуциран во соработка со кураторката Ивана Васева.

Проектот е поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија.

 

МИНАТИ НАСТАНИ

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00