09/10/ 2023, 19,30ч.
Пријателската соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО и уметницата Шејла Камериќ продолжува со претставувањето на уметничката книга „Mother is a bitch“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите – за Камериќ најважно нешто е плетењето на пријателски мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка.
Промоцијата ќе започне во 19:30 со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката Жива Клајндиенс, како и Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова.
Промоцијата ќе биде на англиски јазик, а ќе биде обезбеден симултан превод на македонски јазик.
За себноста, меморијата и … смеата
Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување. Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности – минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу – теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција – автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви.
Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација. Во однос на овие и други теми, како и во однос на делото на Камериќ, во книгата рефлектираат: Хана Ќурак, Искра Гешоска, Јана Коцевска, Еди Мука, Наталија Пауниќ, Линда Пајц, Бојана Пејиќ, Никола Петек, Магдалена Радомска, Милица Радуловиќ, Матилде Сандларц, Милица Тракиловиќ, Адријана Транца, Јасмина Тумбас, а уредничка на ова исклучително уметничко и текстуално дело е Жива Клајндинст.
Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Тијана Ана, Петар Милат, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ. Односи со јавноста на фестивалот: Александра Бубевска.
Постојани стратешки партнери на Kontrapunkt и KRIK се: MaMa (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб, kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад и Kulturtreger од Загреб. Посебна благодарност до студиото за графички дизајн KOMA (@koma.mk). Настанот се реализира во соработка со Музејот на современа уметност, Скопје.
Тимот на ПРВО ПА ЖЕНСКО се: Јана Коцевска, Јана Старделова, Кристина Леловац, Славица Ќурчинска, Јулијана Младеновска Елизабета Пољоска, Џемилиана Абдулова, Георги Старделов и Дино Милосављевиќ.
Контрапункт и фестивалот КРИК се поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија, Гете институтот, Европската Унија преку проектите на Креативна Европа, Re-Imagine Europe и Peripheral Visions. Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија или Европската Извршна Агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија, ниту органот што го доделува не може да биде одговорен за нив.
ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржано од: Sigrid Rausing Trust, Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund и Министерство за култура Република Северна Македонија.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00