Настани Матине
EN

Матине

22/2/2025 12ч. Сабота

Во 12 часот кустосот водич Бојана Јанева ќе ви ги доближи трите меѓународни изложби:

•„Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“
•„Војна на сетилата/војна врз сетилата“
•„Калдер: флуиден модернизам“

Изложба која ексклузивно ќе се отвори на самиот ден на матинето, во која ќе биде изложено делото на Александер Калдер од колекцијата на музејот придружено со звучна композиција на Дорит Крислер.

Крислер е австриска композиторка која создаде звучна композициja во интеракција со придвижувањето на мобилното дело на Александер Калдер, во Музејот на модерна уметност – МоМА, Њујорк.

Од 13 часот матине дружење со диџеј сет.
За најмладата публика и овој пат организираме Детско катче, каде ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбите.
Со благодарност кон нашиот спонзор Тиквеш и благодарност кон учениците од НОВА интернационалното школо, кои помогнаа при инсталцијата на новата изложба.

МИНАТИ НАСТАНИ

Филмски фестивал: Има ли пустина среде градот?

10/07/2025 - 17/07/ 2025

Водич со кустосот Бојана Јанева и матине со Ди-Џеј Дарко Јорданов

17/05/2025

Влада Урошевиќ: Fantastic Art, Dada, Surrealism, МоМА, Њујорк, 1936-37

29/04/2025

Предавање на Кристоф Тун-Хоенштајн

28/04/2025 20 ч. понеделник