Настани ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ на Шантал Муф
EN

ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ на Шантал Муф

12/11/ 2020

Улогата на афектите во агонистичката политика

 

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продложува со циклусот онлајн предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“.

 

Шантал Муф е професорка на Вестминстер Универзитетот во Лондон и воедно водечка политичка теоретичарка најпозната по нејзиниот пост-марксистички и пост-структуралистички пристап кон политиката и политичкото. Во својата концепција за радикалната демократија Муф ги вклучува и културните и уметничките практики како клучни во критичките и   агонистички делувања.

Шантал Муф заедно со Eрнесто Лаклау,  е автор  на книгата ‘Хегемонијa и социјалистичка стратегија’ (1985), која се вбројува меѓу највлијателните книги   во однос на радикалната политичка теорија.  Исто така, таа е автор на бројни публикации меѓу кои ‘Враќањето кон политичкото’ (1993), Демократскиот парадокс (2000), ‘Наследството на Витгенштајн: Прагматизам или деконструкција’ (2001), ‘Агонистика: Промислувајќи го светот Политички’ (2013), ‘За левиот популизам’ (2018).

Автор на проектот Без/редие во светот на уметноста е Тихомир Топузовски.

МИНАТИ НАСТАНИ

Матине

22/2/2025 12ч. Сабота

Ајде да зборуваме

20/2/2025 19ч. Четврток

ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ: Филмска програма

Сабота, 28 декември, 16:00

Миша Кубал: КОГА ЅИДОВИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ

19/12/2024 (четврток) во 12:00 ч. Јавен простор: тремот на МСУ-Скопје