Настани МСУ ЛЕТНО КИНО – ЕКРАН ЗА СКОПЈЕ
EN

МСУ ЛЕТНО КИНО – ЕКРАН ЗА СКОПЈЕ

Петок, 26/07/2024, 21:00

Во сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, во рамките на МСУ – Летно Кино под тремот ќе го прикажеме експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ (1988, 31′) на полската филмска режисерка, актерка и продуцентка Малгоржата Потоцка.
Проекцијата е закажана за 26 јули, 21 часот, под отворено небо во МСУ.
Влезот е слободен.
Кустос на МСУ – Летно Кино е Софиа Григориаду.
Филмот следи уметници активни во 80тите додека создаваат претстави, акции и јавни интервенции. Дел од нив, како Кристо, Симон Шемов, Петар Мазев и Јержи Трелински донираа свои дела на уметничката колекција на МСУ – Скопје, но вклучени се и други како Јозеф Робаковски, Иван Владислав Галета, Џоан Џонас. Во меѓувреме, две фигури, скриени зад бело платно, разиграно ги водат гледачите низ модернистичкото Скопје.
По проекцијата следи дружење со музика и пијалаци.
Инаку, документарецот кој ќе го прикажеме е дел од изложбата со дела од вредната уметничка колекција на МСУ „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”, која беше отворена во Кунстхале Виена и која во моментов е отворена во Националната галерија во Прага.
Благодарност до Филип Димевски и Живко Грозданоски за преводот на македонски.

МИНАТИ НАСТАНИ

Матине

22/2/2025 12ч. Сабота

Ајде да зборуваме

20/2/2025 19ч. Четврток

ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ: Филмска програма

Сабота, 28 декември, 16:00

Миша Кубал: КОГА ЅИДОВИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ

19/12/2024 (четврток) во 12:00 ч. Јавен простор: тремот на МСУ-Скопје