Настани ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО
EN

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024

Целта на оваа работилница е младите уметници да стекнат вештини за изработување и објавување на професионално портфолио. Во работилницата покрај уметници, можат да се вклучат и куратори кои се на почеток на нивните кариери, и кои во соработка со другите учесници можат да се запознаат со работата на уметниците и да дадат осврт на концепцискиот, визуелниот и текстуалниот дел на портфолијата кои ќе бидат изработувани.

Работилницата ќе биде водена од Никола Узуновски, куратор на образовната програма и уметникот и дизајнер Дарко Алексовски.

Работилницата ќе се одвива во библиотеката на Музејот на современата уметност – Скопје, во 19:30 до 21:30 во следните термини:

12 март, вторник
14 март, четврток
26, март, вторник
28 март, четврток

Заинтересираните учесници можат да се пријават до 11 март, преку птополнување на формуларот достапен на следниот линк

За повеќе информации контакт: info@msu.mk

МИНАТИ НАСТАНИ

Матине

22/2/2025 12ч. Сабота

Ајде да зборуваме

20/2/2025 19ч. Четврток

ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ: Филмска програма

Сабота, 28 декември, 16:00

Миша Кубал: КОГА ЅИДОВИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ

19/12/2024 (четврток) во 12:00 ч. Јавен простор: тремот на МСУ-Скопје