27/12/ 2019 - 21/02/ 2020
Под влијание на глобалната криза, Нада Прља на изложбата „АдаН во градот на огнот“ поставува редица прашања што рефлектираат на глобалната криза во светот денес од кој се наѕираат и бројни дилеми што навестуваат дека неговиот можен крај не е само имагинарен. Една од тие се поизразени дилеми се однесува и на тоа што значи да се биде уметник денес?
Поточно, едно од основните прашања е како и што да се создава кога сите ресурси забрзано се исцрпуваат и кога на производството на нови добра и нови вредности се гледа како на исклучок? Дали и како овие состојби влијаат на работата на уметниците и дали и како тоа може да го промени начинот на кој ние ја вреднуваме културната продукција. Ова може да се прошири и на размислувањето дали оваа криза ќе влијае и на тоа како го вреднуваме нашето постоење како човечки суштества.
Изложбата „Адан во градот на огнот“ е обид да се постават и промислат овие прашања и обид да се побараат нови креативни методи соодветни на светот во кој живееме. Со цел да ги испита овие можни нови методи, Нада Прља создава свој алтер его – Адан, лик од стрип, кој во серија стрип новели истражува како и што значи да се создава уметничко дело во денешно време. Адан нуди три модели на создавање: со позајмување на уметнички дела да се рефлектира на историјата на субверзивен начин ; со повторна употреба или рециклирање на материјалите и идеите од позајмените дела, па дури и од сопствените дела; и конечно со демистификација или “де-уметнификација“ на уметничкото дело и негово отворање за друга употреба. Три стрип новели во кои се артикулираат овие постулати, ќе бидат отпечатени и дистрибуирани во текот на траењето на изложбата. Првата новела (Пилот), во која се појавува ликот Адан, ќе биде претставена на отворањето на изложбата.
Како резиме на овие идеи и обиди за модификување на начините на работење и на гледање на културата, Прља не води во 3030 година со цел на гледачот да му понуди малку поизострена визура на нашата денешна цивилизација, која според приказната на Адан исчезнала на 20. 02. 2020 година. Според приказната, една нова цивилизација во 3030 година ја открива тајната на Адан во нејзиното создавање, пресоздавање и рециклирање на уметнички дела од Адан во очи на денот на пропаста на цивилизацијата.
Изложбата вклучува и дела на Нада Прља создадени во период помеѓу 2007 и 2019.
Нада Прља: работи како професионален уметник од 1998 година и како универзитетски предавач од 2005 година. Магистрирала во Лондон на Кралскиот уметнички колеџ, по дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Нада Прља ја претставуваше Република Северна Македонија на 58. Биенале во Венеција во 2019 г., а учествувала и на 5. Биенале во Москва; 7. берлинско Биенале; Манифеста 8, во Мурсија, Шпанија; 4. Биенале „Крај на Светот“ во Буенос Аирес и во Сантијаго де Чиле; 28. Интернационалното графичко биенале во Љубљана.
Самостојно Прља излагала на голем број изложби во најугледните институции и галерии во Европа, САД, Јапонија и Македонија.
Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста
07/06/2024 – 28/08/2024
Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил
28/05/2024 - 02/09/2024
Аквизиции – Донации 2022-2023
18/05/2024 - 25/08/2024
Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје
21/03/2024 – 29/09/2024