Изложби Тековни Следни Минати
EN

Аквизиции – донации 2017-2021

02/04/2022 - 15/05/2022

Изложбата го презентира обемот и квалитетот на она што е добиено по пат на откуп и донации во последните пет години. Една од позначајните донации е оставнината на почитуваната проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска, донација од 36 уметнички дела. Понатаму, уметникот Глигор Стефанов, ги подари сите негови дела од ретроспективната изложба, која беше реализирана пред неколку години во МСУ, како и несебичниот потег на авторката Кристина Пулејкова, која ја подари нејзината самостојна изложба, по повод наградата за најдобар млад уметник од Биеналето на млади уметници во 2016 година.

 

„Овој принцип на претставување на донирани и откупени дела музејот го негува уште од 1963 година. До 2000 година МСУ организираше две засебни поставки „Подарени дела“ и „Аквизиции“, кои за првпат се спојуваат во една изложба   „Донации – аквизиции 1987-2000“. Ова издание како и претходните, продолжува со истата идеја да ги презентира квалитетот и квантитетот на делата од колекцијата рефлектирајќи на нејзината важност и важноста за сегашноста и иднината, за колекцијата и Музејот. Примарната функција,  односно начинот на збогатување на колекцијата преку откупна политика и понатаму останува ненадминат проблем, но затоа музејот изразува огромна почит и благодарност до уметниците и донаторите, кои и понатаму несебично ја збогатуваат колекцијата на МСУ. Поттикот за донирање останува и понатаму главен адут на проширување на збирката на музејот“, вели кустосот на изложбата Ива Димовски.

 

На поставката се изложени и дела од основоположниците на македонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов и други значајни уметници, кои се дел од македонската уметничка клима. Тука се и делата од авторот Симон Узуновски (донација од Крсте Џидров), откупите од страна на Министерството за култура на Р.С. Македонија, во 2017, од авторите Кирил Гегоски, Жанета Вангели, Ибрахим Беди, Миле Корубин и други.

 

Станува збор за уметнички творби кои содржат разни медиуми: слика, скулптура, графика, акварел, цртеж, видео и инсталација.

На поставката се претставени 35 автори од македонската визуелна сцена, изложени 72 уметнички дела, од кои, осум се откупени од Министерството за култура на Р.С. Македонија, а 64 се донирани на музејот.

Станува збор за авторите: Драгутин Аврамовски-Гуте, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Мира Апостоловска, Љубомир Белогаски, Жанета Вангели, Иван Велков, Томо Владимирски, Кирил Гегоски, Владимир Георгиевски, Божидар Дамјановски, Катја Ефтимова, Беди Ибрахим, Богољуб Ивковиќ, Александар Јанкуловски – Цане, Ристо Калчевски, Киро Караџа, Миле Корубин, Вангел Коџоман,  Зоран Малиновски, Власе Николески, Трајче Николовски, Данчо Ордев, Благоја Попоски, Кристина Пулејкова, Исмет Рамиќевиќ, Александар Ристески, Глигор Стефанов, Ана Темкова, Симон Узуновски, Никола Фидановски, Слободан Филовски, Симон Шемов и Теофил Шулајковски.

 

Куратор на поставката е кустос Ива Димовски и кустос соработник Бојана Јанева.

 

 

Симон Шемов, Игра со бои, 1980, сито – печат, 35/47, 70x50 (5191) / Simon Shemov, Game with Colors, 1980, ofset print, 35/47, 70x50 (5191)

Жанета Вангели 1962, Битола Автореференцијална пластика или Chao, 2000 Слика: акрилик на платно, 240 х 95 см; објект на под: 63 х 71 х 63 Аквизиција: Откуп Инвентарен бр.: 05146

Глигор Стефанов, Херувим, 2019, инсталација, слама на дрво / Gligor Stefanov, Cherubim, 2019, installation, straw on wood

Лазар Личеноски, Пејсаж, 1932, масло на картон, 29x15 (5174) / Lazar Lichenoski, Landscape, 1932, oil on cardboard, 29x15 (5174)

Никола Мартиноски, Портрет на Гроф Крафченко, 1931, масло на платно, 66,7x45,5 (5178) / Nikola Martinoski, Portrait of Count Krafchenko, 1931, oil on canvas, 66.7x44.5 (5178)

Кристина Пулејкова, Активен Процес, 2016, интерактивна инсталација, винил, мотор, метал, стакло, таблет, 130 х 150 х 60 (5134) / Kristina Pulejkova, Active Process, 2016, interactive installation, vinyl, motor, metal, glass, tablet, 130 х 150 х 60 (5134)

Душан Перчинков, Мотив на предградие 3, 1971, акрил на платно, 27x25 (5181) / Dushan Perchinkov, Theme from Suburbia, acrylic on canvas, 27x25 (5181)

Богољуб Ивковиќ, Слика, околу 1966, масло на лесонит, 50,7х33,2 (5195) / Bogoljub Ivkovikj, Painting, around 1966, oil on plywood, 50,7х33,2 (5195)

Власе Николески, Во текот на седумте дена, 1984, алуминиум, 47x62x5 (5147) / Vlase Nikoleski, In the Course of Seven Days, 1984, aluminum, 47x62x5 (5147)

Беди Ибрахим, Невестински ковчег, 2009, објект 150x80x30 (5145) / Bedi Ibrahim, Bridal Chest, 2009, object, 150x80x30 (5145)

Исмет Рамиќевиќ, Билјана платно белеше, 2001, објект, весници, 1100x250x5 / Ismet Ramikjevikj, "Biljana Platno Beleshe" (verse from Macedonian folk song), 2001, object, newspapers, 1100x250x 5

Александар Јанкуловски - Цане, Пасмати, 1975, комбинирана техника на платно, 100 х 70 / Aleksandar Jankulovski, Pasmati, 1975, mix media on canvas, 100х70

Кустоскиот тим / Curators team

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста

07/06/2024 – 28/08/2024

Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил

28/05/2024 - 02/09/2024

Аквизиции – Донации 2022-2023

18/05/2024 - 25/08/2024

Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје

21/03/2024 – 29/09/2024