07/10/ 2016 - 21/10/ 2016
„Кале, културна тврдина“ е проект којшто од културно-историски и од современ аспект го третира просторното уредување на централното скопско брдо Кале во потегот од средновековната тврдина до француските гробишта. Проектот има за цел да понуди визија и идејни проектни насоки за интегрално урбано уредување на Калето со внесување на различни содржини кои би го претвориле овој значаен дел од центарот на Скопје во динамично и атрактивно културно средиште.
Во постоечката ситуација, Калето го обележуваат две знајани културни зданија: Средновековната тврдина – Градиште и Музејот на современата уметност. Но и покрај нивните големи потенцијали да понудат комплексно културно, едукативно, туристичко и рекративно доживување и со тоа да привлечат широк спектар на посетители во текот на целата година, Калето и овие зданија постојат во меѓусебно изолирани простори, со голема неактивна и дива парковска површина, потполно неадекватни и субстандардни градби и со еден збор без соодветна интегративна урбанистички обележена и уредена содржина.
Целта на проектот Кале, културна тврдина е да поттикне јавна и стручна дискусија за урбано дефинирање на овој простор и барање идејни решенија кои би ги поставиле основите за трансформација на Калето во силно културно средиште. Проектот се реализира во соработка со проф. д-р Јован Ивановски и Архитектонскиот факултет и се состои од:
конференција со излагања и дискусии на македонски и странски архитекти, урбанисти, уметници, археолози и др. стручњаци;
изложба на магистерски трудови на оваа тема одбранети на Арх. Факултет при Универзитетот Кирил и Методи во Скопје.
меѓународен конкурс за идејни решенија на оваа тема.
Кустос: Зоран Петровски
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024
Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста
07/06/2024 – 28/08/2024