Изложби Тековни Следни Минати
EN

Кристина Пулејкова: Carbon Memories

26/05/ 2016 – 26/06/ 2016

Понекогаш, толкувањата на самите автори за своите дела даваат една „извртена слика” на вистината. Кристина Пулејкова преку разни инсталации, филм и звук, го поставува прашањето: Доколку јаглеродниот атом ги содржи сеќавањата од сите свои претходни органски форми, дали и ние како човечки суштества составени од 18 проценти јаглерод ги содржиме истите јаглеродни сеќавања на атомското ниво? Оттука произлегува и Carbon memories (јаглеродни сеќавања) или, да речам, патот на еден јаглероден атом низ биосферата. Пулејкова е мултимедијален уметник воден од виенската и лондонската школа, која работи на можната конекција помеѓу човекот и машината, органското и механичкото. Нејзините дела се поврзуваат со науката, астрономијата, физиката, географијата и комплексноста на еколошките системи. Преку дадените симболи, транспонирани со еден креативен јазик, исто така, ѝ остава и на широката публика можност за индивидуални согледувања и интервенции, едно визуелно перцeпирање на експонатот. Визуелизација на сé она што се случува околу нас, да се направи звучна перспектива преку која се создаваат ликовните елементи. Инспирирана е од книгата Периодичен систем на елементите (Примо Леви, 1975 г.), како и од музичкиот дијаграм на Брајан Ено (Дискретна музика, 1975 г.). Првиот го објаснува патот на атомот, почнувајќи од камен и завршувајќи во човековиот мозок…, додека другиот пак со постојано вртење на музиката во круг, Пулејкова ова го користи како метафора за јаглеродниот циклус. Кристина пак, на оваа самостојна изложба, што ја добива како награда по повод XI Биенале на млади уметници, се надоврзува и ги истражува хемиските и филозофските аспекти на јаглеродот условено и реализирано преку метеоритот, мовта, пигментот од спирулина, хлоропластот или хлорофилот, звучните сензори, видеата, ротирачките цилиндри испишани со информации и записите што создаваат звук или композиција на јаглеродниот циклус. Можеби тоа е и карактеристиката и квалитетот на конечната димензија на нејзината слика, а се реперкуира врз неа на вечното органско истражување и на „анализата на нашата биолошка егзистенција”. Објаснувајќи ги нештата и појавите, ја прикажува варијабилноста и, како најважно, – движењето во времето и во просторот. Но, – дали и атомите од коишто е составена нашата ДНК содржат своја меморија?

 

Кристина Пулејкова (Скопје, 1988 г.) завршува постдипломски студии, „Уметност и наука”, Централ Сент Мартинс Колеџ (Лондон, 2012–2014 г.) и магистерски студии „Експериментална анимација, сликарство и таписерија”, Универзитет за применета уметност (Виена, Австрија 2006 – 2012 г.). Од 2013 година Кристина е дел од уметничкото дуо Овен – Пулејкова. Дуото има за цел да создаде серија на уметнички дела со наслов Switching – Heads. Овој проект ги поврзува уметниците со нивните грижи за тоа како влијаат климатските промени врз животната средина во целиот свет.

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024 >

04/04/2024 – 21/05/2024

Јонас Стал: Станица пропаганда

01/03/ 2024 - 31/05/ 2024

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Иднината како проект: Доксијадис во Скопје

21/09/ 2023 - 23/04 2024