Изложби Тековни Следни Минати
EN

Сè што ни е заедничко во Солун

17/07/ 2019 – 15/09/ 2019

“Сè што ни е заедничко” е основното мото во делата на 14 уметници  од Југоисточна Европа во рамки на изложбата организирана од Музејот на современата уметност – Скопје во МоМУС – Експерименталниот центар за уметност во Солун, Грција.

Изложбата ја испитува несигурноста во различните социјални, политички и културни контексти поврзани со ранливоста и егзистенцијалната непредвидливост во земјите од Југоисточна Европа.

Видео, сликарство, фотографија и инсталации се медиумите кои се користат за да се подигне свеста за општата опасност и да нè натера да го доведеме во прашање начинот на кој ја доживуваме нашата актуелна ситуација и да нè натера да размислуваме како нашите индивидуални визии, одговорности и обврски можат да бидат социјално споделени и да служат на колективни цели.

Во изложбата се претставени делата на Ана Адамовиќ (Србија), Лучезар Бојаџиев (Бугарија), Флака Халити и Албан Муја (Косово), Ибро Хасановиќ (Босна и Херцеговина), Ахмет Огут (Турција), Мариа Пападимитриу и Антонис Питас (Грција), Рената Полјак (Хрватска), Анри Сала (Албанија / Франција), Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски (Северна Македонија).

Изложбата “Сè што ни е заедничко”  е соработка помеѓу двата музеи како дел од пошироката заедничка програма на МСУ Скопје со институции и музеи од регионот, Европа и пошироко. Музејот на современа уметност во Скопје на крајот од септември 2019 година ќе биде домаќин на изложба на дела од колекцијата од  Музејот на современата уметност МоМУС од Солун.

Куратори на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова од Музејот на современата уметност – Скопје.


Изложбата е финансиски подржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и Еуролинк осигурување.

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста

07/06/2024 – 28/08/2024

Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил

28/05/2024 - 02/09/2024

Аквизиции – Донации 2022-2023

18/05/2024 - 25/08/2024

Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје

21/03/2024 – 29/09/2024