Изложби Тековни Следни Минати
EN

Ариел Хасан: Трагедија на еднаквоста-Борење со рака

03. 07. 2025 - 24. 08. 2025

Трагедија на еднаквоста IV (Tragedy of Equality, T.O.E. IV) – Борење со рака е прво самостојно претставување на Ариел Хасан во Сeверна Македонија.

Проектот имаше три претходни различни итерации: HEADSHAVING BATTLE (Битка со бричење глава), MUD WRESTLING (Борење во кал), and KNIFE FIGHT (Борба со ножеви). Четвртиот чин во Музејот на современа уметност во Скопjе, кој ќе се одржи во периодот јули – август 2025 година, претставува натпревар во буткање на рака помеѓу двајца рамноправни натпреварувачи, кој се одвива на триаголна издигната платформа дизајнирана од уметникот и изградена специјално за оваа пригода.

Роден во Аргентина, Ариел Хасан ги поминал своите формативни години во Аргентина, САД и Шпанија, пред да ја воспостави својата уметничка пракса во Австралија во 2005 година. Последователната преселба во Германија во 2008 година го означи почетокот на едно континуирано транснационално постоење, при што уметникот сега работи на своите проекти во ателјеата помеѓу двата континента. Со испитување на сликарството како портал кон човечката свест, Хасан ги надмина традиционалните граници на медиумот, негувајќи сингуларен визуелен јазик што се одвива низ различни форми на изразување – практика обележана и со експанзивно експериментирање и со несомнена индивидуалност. Неговата работа, која се карактеризира со самонаметнати правила и непредвидливи исходи, ја формира основата за појава на сложени визуелни наративи. Тој досега имал самостојни изложби во Австралија, Шпанија, Јапонија, Сингапур, Австрија и Кина, а учествувал и на различни групни изложби вклучувајќи ги Биеналето Кочи-Музирис и Биеналето во Каиро. Неговите дела се застапени во повеќе јавни збирки.

Куратор на изложбата е д-р Мелентие Пандиловски, JOLT ARTS, Мелбурн.

Изложбата е финансиски подржана од Владата на Јужна Австралија, CreateSA и GAG Art Advisory 

АриелХасан, Трагедија на еднаквоста - Борба бр. 4 (Маски), силикон

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 3 (Борба со ножеви), кадар од видео, снимен перформанс, 2019

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 2 (Борба во кал), кадар од видео запис од перформанс, 2019

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 1 (Бричење на глава), дигитален печат на хартија од памучни влакна, 34х34см, 2018

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 1 (Композитен примерок од коса од две индивидуи), коса, акрилик, 30,5х35см

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 2 (Права на земјиште), печат на терпаулин, 300х200 см, 2025

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 2 (Борба во кал), Борец бр. 2, фотопечат 114х84см

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 3 (Борба со нежеви), Борец бр. 1, фотопринт, 114х84см

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

КАЛДЕР: Флуидна модерност

22/02/2025 - 08/06/2025

Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции

08/04/2025 - 29/05/2025

45 години ФЛУ

03/04/2025

Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава.

28/11/2024 – 23/3/2025