Настани МСУ летно кино – 20 дена во Мариупол
EN

МСУ летно кино – 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Украинскиот двоен кандидат на годинашните Оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, „20 дена во Мариупол“ ја прикажува суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната. Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада. Овој документарец е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината.

Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиатед прес“ и „Фронтлајн“.

Проекцијата е поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

Документарецот содржи графички слики од војна, кои не се соодветни за публика под 18 години. 

МИНАТИ НАСТАНИ

Филмски фестивал: Има ли пустина среде градот?

10/07/2025 - 17/07/ 2025

Водич со кустосот Бојана Јанева и матине со Ди-Џеј Дарко Јорданов

17/05/2025

Влада Урошевиќ: Fantastic Art, Dada, Surrealism, МоМА, Њујорк, 1936-37

29/04/2025

Предавање на Кристоф Тун-Хоенштајн

28/04/2025 20 ч. понеделник