26/06/2026 во 19:00
Во петок, на 26 јуни, со почеток во 19:00 часот, во рамките на Интердисциплинарната програма предавање ќе одржи Растко Мочник, насловено „Современиот капитализам и современата уметност како практика и како институција“.
Растко Мочник е словенечки социолог, теоретичар на културата и книжевен теоретичар, еден од најзначајните современи интелектуалци од просторот на поранешна Југославија. Неговите истражувања се фокусираат на односите меѓу културата, идеологијата, капитализмот и политичките трансформации во постсоцијалистичките општества.
Докторирал во 1975 година во Париз, на Université Paris Nanterre, а потоа во 1983 година на Универзитет во Љубљана. Во рамките на академската програма Fulbright Program, во 1985 година престојувал на постдокторски студии на University of California, Berkeley. Со почесното звање doctor honoris causa предава современи општествени теории на Универзитет во Љубљана, на Факултет за медиуми и комуникации и на Пловдивски универзитет „Паисиј Хилендарски“.
Тој е еден од највлијателните, политички ангажирани интелектуалци на просторите на поранешна Југославија. Во периодот од 1987 до 1989 година бил проректор на Универзитет во Љубљана. Покрај бројни научни и стручни собири, ја организирал и меѓународната конференција „Мобилност и солидарност во современа Европа“ (Mobility and Solidarity in Contemporary Europe).
Објавил голем број трудови од областа на политичката филозофија, социологијата, семиологијата, анализата на дискурсот, теоријата на идеологијата, теоријата на книжевноста и теориската психоанализа. Во последните години се фокусира на прашањата на глобализацијата, политичкиот и социјалниот дискурс, теоријата на когнитивниот капитализам и теоријата на идеологијата.
Неговите публикации ги вклучуваат следниве наслови Теорија со идеологија (Teorija sa ideologijom), Fakultet za medije i komunikacije, Белград, 2019; Списи за современиот капитализам (Spisi o suvremenom kapitalizmu), Arkzin, Загреб, 2016; За пишувањето на историјата (O pisanju zgodovine), Založba Cf., Љубљана, 2016; Соочувања: истории, транзиции, верувања(Suočavanja: istorije, tranzicije, verovanja), Panorama, Софија, 2001; Теории за нашето време: Клод Леви-Строс, Марсел Мос, Емил Диркем (Teorije za naše vreme: Klod Levi-Stros, Marsel Mos, Emil Dirkem), Magor, 1999; Колку фашизам?: расправи за посткомунизмот (Koliko fašizma?: rasprave o postkomunizmu), Arkzin, Загреб, 1995; Истражувања за социологијата на книжевноста(Istraživanja za sociologiju književnosti), Љубљана, 1984.
Предавањето е организирано во соработка со Факултетот за ликовни уметности – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.