Настани Ајде да зборуваме
EN

Ајде да зборуваме

20/2/2025 19ч. Четврток

Музејот на современа уметност потпиша меморандум за соработка со Гете Институтот. Овој договор има за цел да поттикне партнерство меѓу двете престижни институции во областа на културата, овозможувајќи истражувања, предавања, публикации и заеднички проекти во современата уметност.

Како резултат на оваа соработка, креирана е програмата „Ајде да зборуваме: Урбаните подрачја, Руралните подрачја и Културата“ која во 2025 година ќе вклучи низа презентации и предавања во Музејот на современа уметност.
Првата сесија на оваа програма започнува на 20 февруари 2025 (Четврток) во 19 часот, со презентации на директорката на Гете Институтот Катрин Оствалд- Рихтер и ликовниот уметник Никола Узуновски.

МИНАТИ НАСТАНИ

Филмски фестивал: Има ли пустина среде градот?

10/07/2025 - 17/07/ 2025

Водич со кустосот Бојана Јанева и матине со Ди-Џеј Дарко Јорданов

17/05/2025

Влада Урошевиќ: Fantastic Art, Dada, Surrealism, МоМА, Њујорк, 1936-37

29/04/2025

Предавање на Кристоф Тун-Хоенштајн

28/04/2025 20 ч. понеделник