Настани Маратонско предавање на Марко Погачник
EN

Маратонско предавање на Марко Погачник

02/12/2025 почнувајќи во 18:30 часот

Со особено задволство ве покануваме на предавањето на истакнатиот словенечки уметник Марко Погачник, на 2 декември 2025 (вторник) со почеток во 18:30 часот во Музејот на современата уметност – Скопје. Неговото гостување се реализира во рамки на интернациналната групна изложба „Истокот e сè уште можен“ во соработка со Модерна галерија и Музејот на современа уметност Метелкова од Љубљана.
 
 
Предавачки маратон на Марко Погачник
 
Предавачкиот маратон се состои од 3 предавања од по 45 минути и пауза од 15 минути помеѓу нив. Темите на предавањата се:
1. Трансформации на словенечкото движење ОХО 1963-1970 и значењето на тоа движење за совремната епоха.
2. Комуната во Шемпас 1970-79 во знакот на поврзување на уметноста и земјоделството и концептот на „третата уметност“
3. Што се случува со Земјата во времето на климатските промени, квантниот скок на копнениот простор и улогата на природната интелигенција во овој процес.
За време на паузата, можете да влезете или да го напуштите маратонот.
 
Марко Погачник е роден во 1944 година во Крањ, Словенија. Тој е еден од основачите на движењето и групата ОХО и на комуната Дружината Шемпас. Во средината на 1980-тите, тој развил модел на лекување на природни и урбани простори врз основа на литопунктура со поставување камени столбови со исклесани космограми како игли за акупунктура на одредени точки во витално-енергетскиот систем на просторот. Во 2016 година, УНЕСКО му ја додели титулата Уметник за мир. Тој го дизајнирал националниот грб на Република Словенија. Погачник е донатор во збирките на МСУ со серија цртежи од Дружината Шемпас и „Споменикот на природата“, сајт-специфичната инсталација во паркот пред МСУ Скопје.  
 
Насловна фотографија:
Марко Погачник во разговор со кустосите во МСУ, Невенка Лазеска и Љубица Дамјановска, за време на поставуањето на својата сајт-специфична инсталација во паркот пред Музејот на современата уметност Скопје, 1982 година.

МИНАТИ НАСТАНИ

Предавање на Стафан Цихочки и отворање на поглавјето 1.2 на 15 Биенале на млади

28.11.2025

Претставување и разговор со Ибрахим Махама

14/10/2025 at 13.00

Томаш Фудала: „Музејот како нов сосед во маалото"

09/10/2025 во 18.00 ч

Филмски фестивал: Има ли пустина среде градот?

10/07/2025 - 17/07/ 2025