Изложби Тековни Следни Минати
EN AL

ИЗГРАДЕНА СРЕДИНА: Алтернативен водич низ Јапонија!

16/07/2026 - 16/09/2026

Патувачката изложба на Јапонската фондација претставува 80 објекти, градежно-инженерски проекти и пејзажи од сите 47 префектури во Јапонија, кои се претставени преку фотографии, текст и видео слики. Таа претставува еден ретко прикажуван аспект на Јапонија, земајќи ја изградената средина на различните региони на земјата која е географски разновидна и често погодена од природни катастрофи. Целта е да се разгледа искуството од тоа како Јапонците се вклучиле во справувањето со природната средина и како продолжиле и создале локалитет.

 

Претставувањето на изложбата во Македонија е реализирано во соработка на Музејот на современата уметност, Јапонската фондација и Јапинската амбасада во Северна Македонија.

Насловна фотографија: Индустриска област на Кеихин. Фотографија: Кен Охајама

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Допри ја природата

04/12/2025 - 14/02/2026

Ремек-дела за сите: Музеј во куфер

24/11/2025

15. Биенале на млади уметници: „Утрото започна вчера“

18/11/2025 - 28/11/2025 & 28/11/2025 - 12/12/2025

Истокот e сè уште можен

13/11/2025 - 29/03/2026