Настани Презентација на Стеларк
EN

Презентација на Стеларк

26/10/ 2019|

Контигентни и дискутабилни иднини: зомби, киборг и фантомски тела


Стеларк е еден од најзначајните уметници во светот кој работи во сферата на технологијата и визуелната уметност. Тој е перформативен уметник кој визуелно го преиспитува и акустично надоградува своето тело. Преку користење различни медицински инструменти, протези, роботика, системи за виртуелна реалност, интернет и биотехнологија произведува нивни непосредни и спонтаниповрзувања со самото тело. Во оваа насока, Стеларкправи истражувања на‘алтернативни анатомски архитектури’кои подразбираат зголемувања и издолжувањанаразлични телесни конструкции.

Стеларк ги има изведено перформансите ТРЕТА ДЛАНКА, ПРОДОЛЖЕНА РАКА, ВИРТУЕЛНА РАКА, СТОМАЧНА СКУЛПТУРА и ЕКОСКЕЛТкако иРОБОТ СО ШЕСТ НОЗЕ. Неговите перформанси, ФРАКТАЛНО МЕСО, ЗВУЧНО ТЕЛО и ПАРАЗИТ се однесуваат на спонтани, управувани од дистанцаразнообразни движења на телото прекуелектрична стимулација на мускулите. Делото ПРОТЕТИЧКА ГЛАВА е телесна направа која зборува и одговара на прашања од соговорник. Конечно, Стеларк хируршки конструира ТРЕТО УВО на неговата рака со цел истото да биде поврзано и оспособенокако акустичен орган за комуникација.

МИНАТИ НАСТАНИ

Филмски фестивал: Има ли пустина среде градот?

10/07/2025 - 17/07/ 2025

Водич со кустосот Бојана Јанева и матине со Ди-Џеј Дарко Јорданов

17/05/2025

Влада Урошевиќ: Fantastic Art, Dada, Surrealism, МоМА, Њујорк, 1936-37

29/04/2025

Предавање на Кристоф Тун-Хоенштајн

28/04/2025 20 ч. понеделник