ДИЗАЈН ЗА ОЖИВУВАЊЕ
Работилница со Клелија Живковиќ, 10.12. – 12.12. 2024
Оваа работилница ќе го стави во пракса неколкугодишно истражување на уметницата Клелија Живковиќ „Дизајн за оживување“, со цел да насети нови облици на дизајнирање и дејствување, кои ќе бидат директен и еднаков одговор на светот во кој живееме, во насока на светот кој посакуваме да го создадеме.
Во центарот на оваа пракса е процесот на прототипирање, развивање модели за отелотворување и спекулација, барајќи увид во начините на кои човештвото се поврзува со остатокот од живиот и неживиот свет. Форматот на прототипирање дозволува тестирање на недооформени идеи, ставајќи гo фокусот на нивните организирачки принципи како обид за продуктивно отстапување од антропоцентричноста.
Прашањето, „како ја замислуваме иднината?“ е вткаено во нашите избори додека ја градиме сегашноста. Оваа испреплетеност претставува плодна почна за полето на speculative design да се вкорени. Но што претставуваат овие спекулации? Дали во себе содржат значаен увид за можностите да ја напуштиме нашата автодеструктивна траекторија, или се палијативни заспивалки во подготовка за истребувачкиот настан кој се чини сѐ поверојатен?
Учесниците ќе бидат поделени во тимови. Секој тим ќе креира свое спекулативн сценарио и прототип, кои можат да бидат варираат од апстрактни идеи до детално разработени концепти.
Работилницата е наменета за сите заинтересирани, без оглед на нивното познавање од дисциплината – дизајн. Учесниците се охрабрени да ги користат алатките кои им се омилени (фотографија, видео, цртеж, дигитална илустрација, текст, перформанс итн) за да се обидат да ја артикулираат нивната визија за светот кој оживува.
МЕМ-МИСЛЕЊЕ и МЕМ-КРЕИРАЊЕ
Работилница со Џем А, 6.06 од 19.30 – 21.30 и 07. 06 од 17:30 – 19:30, Библиотека на МСУ
Првата половина од работилницата е наречена „Меме-размислување“. Во овој дел ќе дискутираме за теоретски пристапи кои се однесуваат на студиите на медиумиите, студиите на културата, историјата на уметност, илустрирајќи како мемињата може да се контекстуализираат во оваа рамка. Во втората половина (насловена „Мем-создавање“), ќе го поминеме чекор-по-чекор процесот на правење меми и ќе започнеме заедно да создаваме меми во колаборативен формат.
Џем А. е уметник со студии во областа на антропологијата. Тој е познат како креаторот на страницата за уметнички мемиња @freeze_magazine и по неговите интервенции и контекст-специфични инсталации. Неговата работа истражува теми како опстанокот и отуѓувањето во светот на уметноста, често преку хиперрефлексивен објектив и колаборативни проекти.
Од самостојни изложби и инсталации вредни да се напоменат се во музејот Луизијана (Louisiana Museum of Modern Art), Центарот Барбикан (Barbican Centre), Берлинската галерија (Berlinische Galerie), музејот Визбаден (Museum Wiesbaden). Неговите дела беа вклучени во Документа 15 (documenta 15), Истамбул Модерн (Istanbul Modern), Мудам Луксембург (Mudam Luxembourg), Клима Биенале Виена (Klima Biennale Wien) и 14. Биенале на млади уметници Музеј на современа уметност Скопје. Џем А има одржано предавања на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон (Royal College of Art London), Сентрал Sеинт Мартин (Central Saint Martins), Хеад Женева, (HEAD Geneve), ХДК Валанд (HDK Valand) и Univerzitetot za umetnost vo Berlin (Universität der Künste Berlin).
Заинтересираните можат да се пријават на работилницата пополнувајќи го формуларот.
Рокот за пријава е отворен од 29ти мај до 6ти јуни.
УШТЕ ЕДЕН ЗДОДЕВЕН ВОРКШОП
Работилница со ОПА (Слободанка Стевчевска и Денис Сарагиновски)
Во периодот од 27. септември до 1. октомври 2022 г., членовите на уметничката група ОПА (Опсесивно посесивна агресија), Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски, одржаа работилници насловена „Уште еден досаден воркшоп“ со фокус на дел од современите уметнички практики.
Во текот на работилницата, реализирана преку „досадни“ дискусии, презентации и практична колаборативна работа, ќе се навлезе во процес–ориентираните и практиките базирани на специфични (општествени) контексти. Методите и стратегиите кои ќе бидат разработувани се однесуваат на конципирање и развивање дела кои се надвор од традиционалните медиуми и практики, а се базирани на партиципативност, колаборативни пракси и/или тактички медиуми (дела кои комуникацијата со публиката ја остваруваат во јавниот простор или јавната сфера).
Работилницата е наменета за студенти и/или „млади“ луѓе (над 18 годишна возраст) со интерес за современата уметност и современите уметнички практики. Средбите ќе се одвиваат секој ден (од вторник 27.09 до сабота 1.10.) од 17 до 19 часот во Музејот на современата уметност – Скопје.
ОПА (Опсесивно посесивна агресија) е соработка основана во 2001 г., меѓу визуелните уметници Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски. Пристапот на ОПА е контекст-специфичен, вклучувајќи псевдо-документарци, тактички медиуми, стратегии на оверидентификација, субверзивна афирмација, итн. ОПА има остварено голем број на самостојни изложби и уметнички престои во повеќе европски градови, САД и Македонија, и има учествувано на бројни групни изложби и фестивали, меѓу кои и: „Трансмедиале“ (Берлин), „Трансеуропа – Европски театарски и перформанс фестивал“ (Хилдесхајм), „Freewaves – Биенале на нови медиуми“ (Лос Анџелес), „Биенале на современи уметности“ (Москва), „Арс Електроника“ (Линц), итн. ОПА е соосновач и активен член на Иницијативата Кооперација (2012-2015). [www.o-p-a.org]