Настани Предавање на Немања Цвијановиќ
EN

Предавање на Немања Цвијановиќ

13/05/ 2022

Презентацијата насловена „Антифашизмот како самодбрамбен споменик“ се сосредоточува на реализираната интервецнија на Немања Цвијановиќ „Споменикот на Црвената Риека – споменикот на самоодбрана“ реализирана во 2020 година во Риека, Хрватска, кој може да се разбере како промислен акт кој се спротивставува на подемот на национализмот како и националистичкото насилство. Ова конкретно дело претставува појдовно стојалиште во однос на конфротациите на фашистичкото и антифашистичкото наследство во Хрватска, но и пошироко,  дефинирајќи  го гестот на Цвијановиќ како ангажиран во однос на општествените текови, политиката, уметноста. Дискусијата ќе биде надополнета со презентација на монографијата ‘Антифашизмот како самоодбранбен споменик’.

 

Немања Цвијановиќ е роден во Риека, Хрватска. Дипломирал на Accademia di Belle Arti di Venezia, Венеција (1998), а магистрирал по проектирање и продукција на визуелна уметност на Универзитетот I.U.A.V во Венеција (2010). Соработувал со меѓународни институции, изложувајќи ги своите дела во музејот „Пера“ во Истанбул (2017), MAXXI и MACRO во Рим (2014), MSU во Загреб (2011) и MMSU во Риека (2008). Неговите неодамнешни самостојни изложби вклучуваат: „Furini Arte Contemporana“ во Рим / Арецо (2012/2015); Галерија „Delire“ во Брисел (2013); Галерија „ŠKUC“ во Љубљана (2011). Учествувал на бројни групни изложби меѓу кои: Трансакции во Centro Cultural de España en Ciudad de Guatemala во Гватемала (2012); IL BELPAESE DELL’ARTE во Музејот на модерна и современа уметност GAMeC во Бергамо (2011); Колекција на томови во Фондацијата „Бевилакуа Ла Маса“ во Венеција (2010) и Силабарио во Фондацијата „Номас“ во Рим (2012). Учествувал на „Манифеста 9“ во Генк (2012), Централниот фестивал во Бриж (2010) и XIV. меѓународно биенале за скулптури во Карара (2010). Тој е ко-основач на Заедницата за самоуправен интерес и уметнички директор во Галеријата СИЗ (2009). Од 2014 година е професор на Accademia di Belle Arti di Venezia, а од 2018 година е програмски координатор на Rijeka 2020 ECC.

Предавањето на Цвијановиќ е во рамките на Интердисциплинарната програма на Музејот на современата уметност – Скопје под наслов „Без/редие во светот на уметноста“.

 

МИНАТИ НАСТАНИ

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00