Настани ОТВОРЕН ПОВИК НА МСУ ШКОЛО Есен 2024
EN

ОТВОРЕН ПОВИК НА МСУ ШКОЛО Есен 2024

17/10/2024

Едукативната програма во рамките на МСУ – Скопје го продолжува образовниот дискурс со серија предавања и работилници под наслов „МСУ Школо“ под менторство на уметникот Никола Узуновски.

Програмата почнува на 17ти октомври, во 20 часот, во МСУ. Предавањата ќе се организираат два пати неделно, секој вторник и четврток (освен вторник наместо 5ти ноември, предавањето ќе се оддржи на 6ти ноември) 

Предавањата се бесплатни, но препорачано е континурано следење на наставата и претходна пријава на учесниците.

Сите заинтересирани може да се пријават до 16ти октомври преку линкот: https://forms.gle/cR3KQajxJZasGApM9 со име и презиме, професија и најава дали ќе го следат целиот курс или поединечни предавања.

Програмата има за цел да ja изостри генерална наобразба, познавање и интерес за визуелната, особено за современата визуелна уметност. Програмата на „МСУ Школо“ е насочена, пред се, кон студентите на Факултетот за ликовна уметност, студентите по Историја на уметност и археологија, Архитектонскиот факултет, понатаму за студентите кои го изучуваат дизајнот, модата…, но и кон сите оние кои пројавуваат интерес кон современата и имаат афинитети да добијат поизострена слика за уметноста.

Во серијата предавања ќе се посвети внимание на главните прашања кои ја дефинираат уметноста денес, како таа се користи преку експлицитни примери, главните теми кои се во фокусот на современата уметност, системот на продукција и нејзината интеракција со јавноста. 

Тематски предавања според датуми:

17/10/ 20 ч./ „Презентација на МСУ Школо“ – Воведна презентација на програмата со кусо претставување на сите осум предавања во рамките на МСУ Школо;

22/10/ 20 ч./ „Прелет низ времето“ – За да може подобро да се сфати современата уметност, потребно е генерално предзнаење и за историјата на уметност, но тоа да биде претставено низ призма на современата уметност. На пример: какво влијание имало делото на Микеланџело врз публиката во тоа времето кога било создадено;

24/10/ 20 ч./ „Уметноста во 20тиот век“  – Подобро запознавање со уметноста од последниот век, преку повеќе примери и правци. Во минатиот век има големи промени во уметноста, чие влијание е се уште присутно и денес. (Марсел Дишан, Енди Ворхол, Џозеф Кошут, Џеф Кунс, Брус Науман, Џени Холцер);

29/10/ 20 ч./ „Преминот меѓу 20тиот и 21виот век“ – Главните уметници и промени во период во 90тите и почетокот на 2000та година. (Демијан Хрст, Метју Барни, Феликс Гонзалес Торес, Трејси Емин);

31/10/ 20 ч./ „Уметноста во 21от век“ – Вовед во главните промени во уметноста 21от век, претставување на главните теми, куратори и селекција на 20тина од најзначајните уметници од овој период. (Олафур Елиасон, Риркрит Тираваниџа, Аи Веи Веи, Маурицио Кателан, Тања Бругуера);

06/11/ 20 ч./ „Уметноста денес“  – Претставување на најактуелните уметници и дела произведени во последниве 5 години, кои ги отсликуваат актуелните прашања на општеството денес. (Тино Сегал, Хито Штејерл, Форензик Архитекчур, Томас Сарасено, Хива К.);

07/11/ 20 ч./ „Современата уметност на Балканот“ – Преглед на селекција од најзначајните уметници од територијата на Балканот присутни на интернационалната сцена. (Марина Аврамовиќ, Младен Стилиновиќ, Н.С.К., Немања Цвијановиќ, Дан Пержовски, Даниел Кнор, Адриан Паци, Селман Селма);

12/11/ 20 ч./ „Уметноста во Македонија“ – Претставување на некои од најзначајните уметници од Македонија активни на локална или интернационална сцена. (О.П.А., Игор Тошевски, Нада Прља, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Велимир Жерновски);

 14/11/ 20 ч./ „Системите на продукција на уметност во 21виот век“ – Претставување на системите на продукција на култура; Формалниот институционален и неформалниот систем; Најважните институции, изложби, куратори, школи (Венециско Биенале, Документа, Манифеста, Берлинско биенале, Тејт Модерн, Гугенхајм, Фондација Прада, Независна сцена).

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00