16/07/2026 - 16/09/2026
ИЗГРАДЕНА СРЕДИНА: Алтернативен водич низ Јапонија!
16 јули – 16 септември, 2026 година
Патувачката изложба на Јапонската фондација претставува 80 објекти, градежно-инженерски проекти и пејзажи од сите 47 префектури во Јапонија, кои се претставени преку фотографии, текст и видео слики. Таа претставува еден ретко прикажуван аспект на Јапонија, земајќи ја изградената средина на различните региони на земјата која е географски разновидна и често погодена од природни катастрофи. Целта е да се разгледа искуството од тоа како Јапонците се вклучиле во справувањето со природната средина и како продолжиле и создале локалитет.
Изложбата е реализирана во соработка на Музејот на современата уметност, Јапонската фондација и Јапинската амбасада во Северна Македонија.
Насловна фотографија: Индустриска област на Кеихин. Фотографија: Кен Охајама