Настани Повик за учество на работилница „не баш прошетка“
EN

Повик за учество на работилница „не баш прошетка“

Повикот е отворен до вторник, 14 мај 2024

Оваа работилница ќе се фокусура на (урбаното) одење како уметничка пракса. Црпејќи инспирација од историјата и од теоријата на уметноста, како и од согледувања од антропологијата и од етнографијата, работилницата ќе нѐ поведе од контемплативните прошетки на фланерите до современите геолоцирани искуства. Вежбите и менторството ќе им бидат на располагање на учесниците во пристапот кон одењето како естетска пракса, извонредно мултисензорно искуство, критички медиум и методологија на истражување. Учесниците на крајот ќе произведат дела со чекорење низ Скопје или композитни уметнички дела што ќе вклучуваат и чекорење.

Работилницата ќе се одвива претежно на англиски јазик во МСУ Скопје и на јавен простор. Заинтересираните можат да се пријават со пополнување на формулар. Максимален број на учесници: 10

 Средби:

 Среда, 15 мај, 18.00-20.00 часот – Библиотека на МСУ

 Недела, 19 мај, 11.00-14.00 часот – Влез на МСУ

 Среда, 22 мај, 18.00-20.00 часот – Библиотека на МСУ

 23-28 мај – консултации (со закажување) околу изработката на делата

 Среда, 29 мај, 18.00-21.00 часот – Влез на МСУ

Работилницата ќе ја води Софија Григориаду (д-р социјална антропологија, м-р визуелна уметност), кустос соработник за Дискурзивна програма на МСУ Скопје и коосновач на TWIXTlab, лабораторија за уметност, антропологија и секојдневие, базирана во Атина.

МИНАТИ НАСТАНИ

Филмски фестивал: Има ли пустина среде градот?

10/07/2025 - 17/07/ 2025

Водич со кустосот Бојана Јанева и матине со Ди-Џеј Дарко Јорданов

17/05/2025

Влада Урошевиќ: Fantastic Art, Dada, Surrealism, МоМА, Њујорк, 1936-37

29/04/2025

Предавање на Кристоф Тун-Хоенштајн

28/04/2025 20 ч. понеделник