09/05 2019
“Зашто, нели ние жените сме сите исти! Напорни, нестабилни, озборувачки, кучки, пачаври!”
Женски одговори, Ањес Варда (1975)
“Секоја година во Франција абортираат милион жени. Осудени на тајност, го прават тоа во опасни услови, иако, ова е една од наједноставните процедури во јавното здравство. Општеството ги замолчува овие милиони жени. Јавно кажувам дека јас сум една од нив. Јавно кажувам дека сум абортирала. Бараме слободен пристап до средствата за контрацепција и инсистираме на слободен пристап до абортус.”
Манифест на 343те пачаври, објавен во Le Nouvel Observateur (05.04.1971)
Тринаесет години пред да го направи Женски одговори и девет години пред да го потпише Манифестот на 343те пачаври, Ањес Варда го направи Клео од 5 до 7.
Во чест на телата од сите возрасти и позадини, кои чекорат заедно наспроти неправедните држави, општества, места и простори, овогодинешната филмска програма на Прво па женско ѝ ја посветуваме на Ањес Варда.
Кумјана Новакова
09. мај 2019, 20.00 часот, Кино Фросина
Клео од пет до седум (Cléo de 5 à 7),
режија Ањес Варда (Франција, 1962, 90′)
Играат: Корин Маршан, Антоан Бурсије, Доминик Давреј, Дороти Бланк, Мишел Легранд
Проекцијата е во рамки на фестивалот Прво па женско, организиран во соработка на Филмската и видео програма на Музејот на современа уметност – Скопје и Фестивалот на европски филм Синедејс
Приказната за младата пејачка Клео започнува во 5 часот наутро. Чекајќи ги резултатите од своите рендгенски испитувања, се соочува со идејата за нејзината можна смрт. Во тој меѓупериод таа ги среќава нејзиниот љубовник, еден пијанист, еден пријател и еден војник. Шетајќи се низ Париз, Клео полека почнува да го гледа светот со други очи.
Ањес Варда, пионерката на францускиот Left Bank, беше една од најпроникливите филмаџики, чиј што интерес за општествените маргини и женската субјективност, во комбинација со нејзиното професионално минато во областа на фотографијата, резултираа во еден од најигривите и политички најсмели опуси во историјата на филмот. Големата мајка на новиот француски бран покрај многуте награди и номинации, ги има освоено Сребрената мечка на Берлинскиот филмски фестивал, почесната Златна палма на Канскиот филмски фестивал, Златниот лав на Венецијанскиот филмски фестивал, како и почесниот Оскар за животно дело.
Програмата Што е филм? претставува серија на филмски проекции и разговори, со цел долгорочно програмирање, истражување и презентација на извонредни аудиовизуелни дела, кои ја дефинираат широката палета на филмската уметност во целиот нејзин современ спектар.
Кураторка на програмата Што е филм? е Кумјана Новакова.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00