1896, Лука, Италија – 1988, Сао Паоло, Бразил
Фестивалот на св. Јован, 1970
Сито печат во боја, 46,5 x 64,5 см
Едиција: а.о.; сигнирано: д.л: P/A; д.с.: “Pesta de São João“; д.д.: A. Volpi 70
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 01992
Биографија
Алфредо Волпи, е истакнат сликар на уметничкото и културното бразилско модернистичко движење. Тој е роден во Лука, Италија, но по две години, неговите родители го донеле во Сао Паоло, Бразил, станал бразилски државјанин и живеел таму поголемиот дел од својот живот. Тој беше еден од најзначајните уметници на т.н. Група Санта Хелена, формирана во 1930-те години со Франсиско Реболо, Марио Ѕанини, Фулвио Пенаки и др.
Краткиот увод во биографијата е од англиската Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License
Во целина биографијата е достапна на https://en.wikipedia.org/wiki/Alfredo_Volpi