Димо Тодоровски
1910, Солун, Грција – 1983, Скопје
Анданте, 1956
Гипс, 128 х 82 х 74 см
Аквизиција: Откуп
Инвентарен бр.: 03376
*Збирката на дела од Димо Тодоровски брои вкупно 27 скулптури.
Биографија
Димо Тодоровски (Солун, 11 декември 1910 – Скопје, 27 април 1983) — истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари кои го втемелиле современиот облик на оваа ликовна уметност во Македонија. Тој е единствениот македонски вајар меѓу двете светски војни. Димо Тодоровски роден е на 12 ноември 1910 година во Солун, од мајка Ленка Перева и татко Ристо Тодоровски. Две години по неговото раѓање, неговото семејство се вратило во родниот град Прилеп. Во 1917 година, татко му починал, а Димо од 1920 до 1929 година престојувал во Домот за воени сирачиња во Битола. Без доволно финансиски средства, од 1929 до 1935 година студирал во Белград, каде ја завршил Уметничката школа со академски курс, на вајарскиот отсек во класата на П. Палавичини. По враќањето во Македонија, учествувал во формирањето на Уметничката школа во Скопје (каде бил и професор до пензионирањето), но и во формирањето на Уметничката галерија во 1949 година. Тодоровски вил и дописен член на МАНУ, а починал во Скопје, во 1983 година. И денес, во населбата Трнодол каде живеел, стои неговата празна куќа со ателјето, за која тој оставил аманет да биде претворена во спомен дом.
Краткиот увод во биографијата е од Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License
Во целина биографијата е достапна на: https://mk.wikipedia.org/wiki/Димо-Тодоровски