EN

Виктор Вазарели

1906, Печ, Унгарија – 1997, Парис, Франција

 

ИОЛ, 1958

Масло на платно, 130 х 89 см

Аквизиција: Подарок од уметникот

Инвентарен бр.: 00259

 

Во декември 1964 во Музејот пристигна делото на Вазарели, една од првите донации. Делото е одбрано од самиот автор и при чинот на селектирањето тој се однесуваше со респект кон ново формираниот Музеј, подарувајќи едно од неговите најзначајни творби.

 

Биографија

Виктор Вазарели е унгарско-француски уметник, кој е широко прифатен како „дедо“ и водач на движењето Оп уметност. Неговото дело насловено Зебра, создадено во 1937 година, некои го сметаат за еден од најраните примери на оптичката уметност.

Краткиот увод во биографијата е превземен од Википедија во согласност со: Attribution-ShareAlike Creative Commons License.

Биографијата на англиски јазик е достапна на следниот линк: wikipedia.org/wiki/Victor_Vasarely

Претходни изданија